Македонски бренд за самоспознание и личен развој

Погледни навнатре.
Таму почнува сè.

Inner Focus создава оригинални и внимателно осмислени производи што ја поттикнуваат свесноста за важноста на работата на себе и служат како извор на инспирација за личен раст.

Картичка од „Извор на радост“ во тиркизна кутија, покрај дрвена подлога
Четири кутии „Извор на радост“ наредени една до друга

Секое враќање кон себе е најубавото патување,

а Inner Focus е твојот придружник во него.

Девојка седи во фотелја и ја држи кутијата „Извор на радост“

За нас

Односот со самите себеси е најдолготрајниот однос во животот.

Начинот на кој се гледаме, разбираме и вреднуваме самите себе влијае врз нашата емоционална благосостојба и врз одлуките што ги носиме.

Inner Focus негува пристап заснован на разбирање, прифаќање и љубов кон себе. Веруваме дека ваквиот однос, заедно со свесноста за сопствените мисли, емоции и потреби, може да придонесе за поголема внатрешна стабилност и самодоверба.

Нашиот поглед

Верувањата, перцепцијата и фокусот

Во основата на филозофијата на Inner Focus се три клучни аспекти.

Верувањата

Убедувања што ги имаме за себе, за другите и за светот. Тие влијаат врз нашите мисли, чувства и избори.

Перцепцијата

Начинот на кој го гледаме, доживуваме и толкуваме светот и сопствените искуства.

Фокусот

Насоката на нашето внимание. Тој одредува на што му придаваме важност и каде ја насочуваме нашата енергија.

Преку нашите производи поттикнуваме свесност за овие три аспекти како основа за самоспознание и позитивна промена.

Нашите производи

Простор за размислување, нови перспективи и она што навистина ни е важно

Наменети се за секого: за оние што го започнуваат својот пат на самоспознание и за оние што веќе чекорат по него.

Картички со афирмации

Извор на радост

Зборовите се важни!

30 утра. 30 мисли. Една поинаква перспектива.

Начинот на кој го започнуваме утрото може да влијае врз нашето расположение и пристапот кон денот што следува. „Извор на радост“ е создаден со идеја секое утро да започне со инспиративна мисла што поттикнува позитивни чувства, поголема свесност и поинаков начин на размислување.

Во елегантна кутија се сместени 30 уникатно дизајнирани картички, секоја со внимателно осмислена порака. Избери една, прочитај ја и постави ја на специјално изработената гравирана дрвена подлога. Така, избраната мисла добива свое место во твоето опкружување и останува присутна во текот на денот.

Четири кутии „Извор на радост“ наредени на дрвена маса

Четири теми

Среќа

Љубов

Успех

Здравје

Темите ја насочуваат содржината, но пораките опфаќаат и пошироки аспекти на личниот развој: самоспознание, љубов кон себе, самопочит, благодарност и присутност.

Целта е да се создаде позитивна утринска навика во период од 30 дена. Од содржината на пораките до дизајнот на секоја картичка, „Извор на радост“ е целосно авторски осмислен производ.

Розова кутија „Извор на радост“, афирмации за љубов

За љубов

1250 ден.

Тиркизна кутија „Извор на радост“, афирмации за здравје

За здравје

1250 ден.

Кутија „Извор на радост“ во боја на праскова, афирмации за среќа

За среќа

1250 ден.

Светло сина кутија „Извор на радост“, афирмации за успех

За успех

1250 ден.

МК

EN

Достапно на македонски и англиски јазик

Истите пораки, истиот дизајн. На јазикот што ти е најблизок, или како подарок за некого надвор од Македонија.

МК

Извор на радост

Зборовите се важни!

EN

Source of Joy

Words matter.

Македонското издание на „Извор на радост“ во раце
Англиското издание „Source of Joy“ со картичка на дрвената подлога

МК

EN

Дневникот „Миг на присутност“ покрај неговата кутија

Дневник

Миг на
присутност

МК

EN

Достапен на македонски и англиски јазик

Твој миг, твоја приказна.

Работата на себе носи најмногу кога има јасна насока и доволно простор. „Миг на присутност“ е внимателно осмислен дневник, инспириран од психолошки концепти, кој поврзува пет различни пристапи кон работата на себе.

Секое поглавје започнува со кратко и јасно објаснување, придружено со примери и насоки за практикување. Потоа следува простор за слободно пишување, со тематски поврзани афирмации што служат како извор на мотивација и инспирација да продолжиш понатаму.

Пет поглавја

01

Афирмации

Свесното запишување и повторување на позитивни мисли поттикнува нови обрасци на размислување и поголема самодоверба.

02

Визуализација

Преку ментално претставување на посакуваната иднина, поттикнува појасно согледување на личните желби и цели.

03

Благодарност

Го насочува вниманието кон позитивните аспекти на животот и кон вредноста на она што веќе е присутно.

04

Саморазговор

Го насочува вниманието кон начинот на кој се обраќаме кон себеси, кон понежен и посочувствителен однос.

05

Самоспознание

Внимателно осмислени прашања за подлабоко разбирање на сопствените вредности, потреби и уверувања.

Секоја страница добива свое значење преку твоите мисли, чувства и искуства, создавајќи приказна што е единствено твоја.

Сет за љубителите на книги

Катче за читање

Свет што ти припаѓа.

Прочитано. Почувствувано. Засекогаш твое.

Секоја книга носи идеи, мисли и искуства што можат да остават траен впечаток, но со текот на времето многу од нив избледуваат од нашето сеќавање. „Катче за читање“ е создадено со идеја да го зачува она што ни е најзначајно од прочитаното.

Мини нотесот е создаден за зачувување на највредното од секоја книга, во три целини: основни информации и лични впечатоци, значајни цитати и завршни заклучоци. Со текот на времето станува личен запис за сознанијата што позитивно влијаеле врз твојот живот.

Што содржи сетот

  • Мини нотес за највредното од секоја прочитана книга
  • Три акварелни обележувачи со афирмации
  • Светилка со три нивоа на осветлување
  • Честитка
Отворен сет „Катче за читање“ со нотес, обележувач и светилка

Нашата визија

Свет во кој луѓето ја препознаваат сопствената вредност, ја прифаќаат својата индивидуалност и градат свесен и исполнет однос со себе.

Нашата мисија

Да создаваме производи со приказна што мотивираат за самоспознание, свесност и за љубов кон себе, инспирирајќи позитивни промени во начинот на кој луѓето размислуваат, чувствуваат и живеат.

Од нашиот Instagram

Секоја промена започнува со еден свесен чекор.

Направи го својот денес.

Картички со афирмации

Зборовите се важни!

30 утра. 30 мисли. Една поинаква перспектива.

Начинот на кој го започнуваме утрото може да влијае врз нашето расположение и пристапот кон денот што следува. „Извор на радост“ е создаден со идеја секое утро да започне со инспиративна мисла што поттикнува позитивни чувства, поголема свесност и поинаков начин на размислување.

Во елегантна кутија се сместени 30 уникатно дизајнирани картички, секоја со внимателно осмислена порака. Избери една, прочитај ја и постави ја на специјално изработената гравирана дрвена подлога. Така, избраната мисла добива свое место во твоето опкружување и останува присутна во текот на денот.

Картичките се поделени во четири теми: среќа, љубов, успех и здравје. Темите ја насочуваат содржината, но пораките опфаќаат и пошироки аспекти на личниот развој. Во секоја од нив се застапени вредностите на самоспознанието, љубовта кон себе, самопочитта, благодарноста и присутноста.

Целта на „Извор на радост“ е да поттикне создавање позитивна утринска навика во период од 30 дена. Ваквата практика овозможува свесно насочување на вниманието кон позитивните аспекти на животот и може да придонесе за развивање попозитивен поглед кон секојдневието.

Од содржината на пораките до уникатниот дизајн на секоја картичка, „Извор на радост“ е целосно авторски осмислен производ, создаден со внимание кон секој детал.

Дневник

Твој миг, твоја приказна.

Достапен на македонски и англиски јазик

Работата на себе носи најмногу кога има јасна насока и доволно простор. „Миг на присутност“ е внимателно осмислен дневник, инспириран од психолошки концепти, кој поврзува пет различни пристапи кон работата на себе.

Неговата структура е создадена со идеја да понуди јасни насоки, но и целосна слобода за лично изразување. Петте поглавја опфаќаат различни аспекти од нашиот однос кон себеси и кон сопствениот живот, секое со своја посебна намена и значење.

Секое поглавје започнува со кратко и јасно објаснување, придружено со примери и насоки за практикување. Потоа следува простор за слободно пишување, со тематски поврзани афирмации што служат како извор на мотивација и инспирација да продолжиш понатаму.

Афирмации

Свесното запишување и повторување на позитивни мисли може да поттикне постепено развивање нови обрасци на размислување, зајакнување на самодовербата и подлабоко препознавање на сопствената вредност.

Визуализација

Преку ментално претставување на посакуваната иднина, визуализацијата поттикнува појасно согледување на личните желби, цели и на животот што сакаме да го изградиме.

Благодарност

Го насочува вниманието кон позитивните аспекти на животот, поттикнувајќи подлабока свесност за вредноста и значењето на она што веќе е присутно во нашето секојдневие.

Саморазговор

Го насочува вниманието кон начинот на кој размислуваме и се обраќаме кон себеси, поттикнувајќи самоприфаќање, разбирање и развивање понежен и посочувствителен однос кон себе.

Самоспознание

Преку внимателно осмислени прашања поттикнува преиспитување на личните уверувања и подлабоко разбирање на сопствените вредности, потреби и начинот на кој се доживуваме себеси и нашиот живот.

„Миг на присутност“ обединува психолошки инспирирани практики во една внимателно осмислена целина, создадена да поттикне свесност, искрена саморефлексија и подлабоко поврзување со себе. Неговата суштина е во слободата секој да го истражува сопствениот внатрешен свет, да ги препознава своите потреби и вредности и да создава простор за лични сознанија и за позитивни промени.

Секоја страница добива свое значење преку твоите мисли, чувства и искуства, создавајќи приказна што е единствено твоја.

Сет за љубителите на книги

Свет што ти припаѓа.

Прочитано. Почувствувано. Засекогаш твое.

Читањето е значаен извор на нови сознанија, кој ги проширува нашите видици и ни отвора можности да го согледаме светот од поинаква перспектива. Секоја книга носи идеи, мисли и искуства што можат да остават траен впечаток, но со текот на времето многу од нив избледуваат од нашето сеќавање. „Катче за читање“ е создадено со идеја да го зачува она што ни е најзначајно од прочитаното.

Сетот е внимателно осмислен за да го збогати искуството на читање. Светилката со три нивоа на осветлување овозможува прилагодување на светлината, додека трите акварелни обележувачи за страници (bookmarks) со афирмации внесуваат дополнителна мотивација меѓу страниците.

Посебно место во сетот има мини нотесот, создаден за зачувување и организирање на највредните содржини од секоја прочитана книга. Неговата структура опфаќа три целини: основни информации и лични впечатоци, значајни цитати и завршни заклучоци. Тоа поттикнува подлабоко размислување за прочитаното и овозможува повторно навраќање на неговата суштина.

Со текот на времето, нотесот станува личен запис за сознанијата што позитивно влијаеле врз твојот живот и за трајната вредност што ја носиш со себе.

Сетот содржи и честитка, што го прави внимателно осмислен подарок за љубителите на книгите.